19.11.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Службата за хуман третман на бездомните животни / Службата за хуман третман на бездомните животни
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Службата за хуман третман на бездомните животни
Општо за Вардариште

10.05.2010  20:48

Во соработка со градот Скопје, ЈП „Комунална хигиена“ од 2007 година го спроведува Проектот за третман на бездомните кучиња според принципите за хуман третман на животните - ЦНР програма (catch, neuter, release - “залови, стерилизирај, пушти“), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Оваа Програма е поддржана од Светската здравствена организација. (WHO), а одобрена од Советот на Град Скопје
Кучињата се заловуваат од страна на специјализирана, обучена и опремена Служба за хуман третман и контрола, по што се транспортираат во стационарот „Вардариште“, којшто има капацитет за третман и сместување на околу сто животни во боксови изградени по европски стандарди.
Во Стационарот во две смени работи ветеринарната служба што ја проценува здравствената состојба на бездомните кучиња, по што здравите единки се подложуваат на третман на стерилизација, се прочистуваат од паразити и се задржуваат околу десетина дена, а доколку за тоа време не бидат вдомени, овие единки се враќаат на изворната локација. Заболените кучиња што имаат видливи повреди при што трпат болка, премногу старите, како и прекумерно агресивните кучиња се еутаназираат.
Програмата се реализира под постојан мониторинг на стручни тимови на Британското кралско здружение. Во однос на реализацијата, односно спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните и потребните хигиенско-технички стандарди, Стационарот е под инспекциски надзор на Ветеринарната управа. ЈП „Комунална хигиена“ и градот Скопје перманентно работат на подобрување на третманот на кучињата-скитници, како и на подобрување на условите во стационарот „Вардариште“, во секој поглед. Во таа насока, во месец октомври 2012 година, персоналот на Стационарот заврши стручна обука за постапување при заловување, транспорт, евидентирање, сместување, држење и манипулација на бездомните кучиња во објектите. Обуката ја изведе експертски тим од Факултетот за ветеринарна медицина, а истата е во согласност со националната законска регулатива и основните правила за благосостојба кај животните.
Од вторник до сабота, во терминот од 09 до 13 часот, сите заинтересирани граѓани можат да дојдат да си одберат и да вдомат куче. Притоа, кучињата од најразлични раси и големини што се определени за вдомување, на граѓаните им се отстапуваат истретирани и вакцинирани и без никаков паричен надоместок. Секој граѓанин што вдомува куче, мора да пополни формулар со своите податоци и се обврзува да биде одговорен сопственик почитувајќи ги постоечките закони.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати