26.06.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје учествуваше во акцијата “Ден на дрвото – засади ја својата иднина“

01.12.2016  12:19

01.12.2016г.
Сто и дваесет вработени во ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, во текот на вчерашниот ден зедоа учество во традиционалната масовна акција за пошумување „Ден на дрвото – засади ја својата иднина“, на локацијата во населеното место Брњарци, во општината Гази Баба. 
ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, акцијата ја помогна и со четири специјални комунални возила – патарки, коишто служеа за транспорт на садниците.
Според официјалните податоци, во текот на вчерашниот ден, на вкупна површина од 550 хектари на 60 локации на територијата на 30 општини во Република Македонија, беа засадени вкупно 2,6 милиони садници. 
Градот Скопје и оваа година на повеќе локации даде поддршка на акцијата „Денот на дрвото– засади ја својата иднина“, а според градоначалникот Коце Трајановски, само на територијата на Скопје се засадени еден милион садници, од кои 256.000 садници во урбаниот дел на градот. Акцијата се спроведува и во руралниот дел, на повеќе локации на Скопска Црна Гора и на скопската обиколница. 
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати