24.01.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ го расчистуваaт нападнатиот снег и мраз

05.01.2017  11:29

05.01.2017

Утринава, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје активно го расчистуваат нападнатиот снег и мразот во сите скопски општини.

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“, „Пела“ и „Мајка Тереза“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата и мостот „Слобода“. 
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваат теренот пред поголемите институции, како и следните улици и булевари:   
-Во општината Центар: Филип Втори, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Кочо Рацин, Мајка Тереза и Илинденска;
- Во општината Карпош: Партизанска  и Илинденска; 
-Во општината Кисела Вода: Борис Трајковски; 
-Во општината Аеродром: раскрсницата на железничката станица и булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу; 
-Во општината Чаир: булеварот Втора македонска бригада и улиците Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош, Методија Митевски, Б.Паровиќ; 
-Во општината Шуто Оризари: улицата Индира Ганди и бул. Словенечка; 
-Во општината Бутел: Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина, Кемал Сејфула и Бутелска; 
-Во општината Гази Баба - булеварот Александар Македонски;
-Во општината Ѓорче Петров  - улицата Ѓорче Петров.

Во расчистувањето на нападнатиот снег се ангажирани 116 работници, додека од механизацијата се користат: два  мотокултиватора со четки, три метларки, како и две патарки за посолување на мостовите. Теренот на бул. Илинденска пред Владата на РМ се расчистува со два мотокултиватора.
Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати