15.12.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ активно го расчистуваaт нападнатиот снег и мраз на скопските улици и пред поголемите институции

10.01.2017  10:24

10.01.2017

Од утринава, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје активно го расчистуваат нападнатиот снег и мразот во сите скопски општини.

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадите: „Македонија“ и „Пела“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на: мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, Мостот на уметноста, мостот „Око“, Мостот на револуцијата и мостот „Слобода“. 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на  расчистување на снегот на следните улици и булевари: 

-Во општината Центар: ВМРО, Св.Климент Охридски, Димитрија Чуповски, Филип Втори, 11-ти Октомври, Крсте Мисирков, Мајка Тереза и Илинденска. 

-Во општината Карпош: Партизанска. 

-Во општината Кисела Вода: Потегот од 11-ти Октомври до Градската болница и бул. Борис Трајковски. 

-Во општината Аеродром: булеварите Јане Сандански и Кузман Ј. Питу. 

-Во општината Чаир: булеварот Втора македонска бригада и улиците: Кемал Сејфула, Џон Кенеди, Христијан Т. Карпош и Цветан Димов. 

-Во општината Бутел: Кемал Сејфула, Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина.

-Во општината Гази Баба - булеварот Александар Македонски, Војводина, Коце Металец и Благоја Стефковски

-Во општината Ѓорче Петров  - улицата Ѓорче Петров.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, исто така, ги расчистуваат и пристапите до поголемите институции – Собранието на РМ, Владата на РМ, Клиничкиот центар итн.

Во првата смена, во расчистувањето на нападнатиот снег се ангажирани  102 работници, додека од механизацијата се користат: два  трактора со специјални ножеви за снег, еден мотокултиватор со четки, едно специјално возило „пјаџо“, една метларка, како и две патарки. 

Активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат во текот на целиот ден.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати