27.03.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
ЈП „Комунална хигиена“ и во текот на денешниот ден го расчистува снегот и мразот

31.01.2017  11:03

31.01.2017

Во текот на денешниот ден, вкупно 177 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје работат на  расчистување на снегот и мразот во централното градско подрачје, како и на поголемите улици и булевари во сите скопски општини. 

Расчистувањето се врши на плоштадите „Македонија“, „Пела“  и ВМРО, се расчистува Старата Чаршија, како и пешачките патеки и тротоарите на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата. 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на  расчистување на снегот на следните улици и булевари: 

-Во општината Центар: Мито Хаџивасилев-Јасмин, Теодосиј Гологанов, ВМРО, Филип Втори, Св.Климент Охридски, Васил Ѓоргов, Димитрија Чуповски, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Партизанска. 
-Во општината Карпош: Партизанска.
-Во општината Кисела Вода: булеварот Борис Трајковски. 
-Во општината Аеродром: булеварот Кузман Ј. Питу. 
-Во општината Чаир: Џон Кенеди, Крсте Мисирков и Цветан Димов. 
-Во општината Бутел: Цветан Димов и Христијан Т. Карпош.
-Во општината Гази Баба - булеварот Александар Македонски.
-Во општината Ѓорче Петров  - дел од Партизанска.
-Во општината Шуто Оризари  - улицата Втора македонска бригада.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје при расчистувањето на снегот употребуваат и едно специјално возило „хијета“ и една патарка. Нивните 
активности ќе продолжат во текот на целиот ден.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати