29.04.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
ЈП „Комунална хигиена“ ги расчистува снегот и мразот во три смени

01.02.2017  10:38

01.02.2017

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и во текот на вчерашното попладне и ноќта - во втората и во третата смена, го расчистуваше снегот и мразот на 
плоштадот „Македонија“, на пешачките патеки и тротоарите на поголемите булевари и раскрсници, како и на мостовите: „Гоце Делчев“,„Око“,„Слобода“, Камениот мост, Мостот на уметноста и Мостот на револуцијата. 

Исто така, во текот на денешниот ден, вкупно 201 работник од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го расчистуваат снегот и мразот на споменатите локации во поширокото централно подрачје, на Кејот 13-ти Ноември, како и во Старата Чаршија. 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје истовремено работат на  расчистување на снегот и на следните улици и булевари во сите скопски општини: 

-Во општината Центар: Теодосиј Гологанов, ВМРО, Илинденска, Рузвелтова, Кузман Ј. Питу, Јордан Мијалков, Св.Климент Охридски, Васил Ѓоргов, Мајка Тереза, Кочо Рацин и Партизанска. 

-Во општината Карпош: Партизанска.

-Во општината Кисела Вода: булеварот Борис Трајковски и улиците Народни херои, И.Х.Николов и Христо Татарчев. 

-Во општината Аеродром: булеварот Јане Сандански.

-Во општината Чаир: Втора македонска бригада, Крсте Мисирков и Цветан Димов. 

-Во општината Бутел: Александар Урдаревски, Босна и Херцеговина и Христијан Т. Карпош.

-Во општината Гази Баба - булеварот Киро Глигоров.

-Во општината Ѓорче Петров  - улицата Ѓорче Петров
.
-Во општината Шуто Оризари  - улиците Вашингтонска и Нов живот.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје при расчистувањето на снегот употребуваат и едно специјално возило „хијета“, две патарки и еден втоварувач. Нивните активности ќе продолжат во текот на целиот ден.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати