29.04.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
AKЦИЈА ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ ОТПАД ВО ОПШТИНАТА ЧАИР

16.02.2017  10:45

16.02.2017г.

На 17 и на 18 февруари 2017 година, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Градот Скопје, ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во општината Чаир .
Граѓаните коишто сакаат да се ослободат од стариот мебел и непотребните електрични и електронски апарати, истите треба да ги одложат пред своите домови во периодот од 07 до 11 часот, по што специјалните комунални возила ќе поминат и ќе ги подигнат, според однапред изготвениот распоред по месни заедници.

Со специјалните комунални возила наменети за собирање кабаст отпад, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје бесплатно го собира овој вид на отпад во рамките на организирани акции што се одвиваат четири пати во годината, во координација со Градот Скопје и општините, а во моментов е во тек првиот циклус на акциите за 2017-тата година.

Законот за јавна чистота на РМ, забранува кабастиот отпад да се одлага во садовите за отпад поставени на јавни површини, а ЈП „Комунална хигиена“-Скопје на граѓаните им нуди можност овој тип на отпад со сопствен превоз бесплатно да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош. Доколку имаат потреба тоа да се изврши со специјалните возила на Претпријатието, услугата може да ја побараат на бесплатната телефонска линија - 080022233, а истата се наплатува согласно Ценовникот на дополнителни активности и услуги на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, усвоен од Советот на Градот Скопје на 27.10.2015г.

Во рамките на овој циклус од акциите за собирање кабаст отпад во скопските општини, на 24 и на 25 февруари 2017 година ќе биде организирана акција во општината Центар.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати