22.09.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
Уште еден апел до граѓаните да престанат со несовесното одлагање на својот кабаст отпад и градежниот шут!

12.07.2017  13:16

12.07.2017г.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје повторно апелира до граѓаните својот кабаст отпад (мебел, стара електрична и електронска опрема) и градежeн шут да не ги одложуваат во и покрај садовите за отпад!

Ваквото несовесно одлагање на кабастиот отпад и градежниот шут е забрането со Законот за јавна чистота на РМ и подлежи на парични казни и санкции!

Садовите за отпад што се поставени на јавни површини – пластични канти, надземни и подземни контејнери -  не се наменети за одлагање ваков тип на отпад, туку за собирање на комуналниот отпад од индивидуалните и колективните домаќинства!
 
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Градот Скопје и општините, бесплатно го собира кабастиот отпад во организирани дводневни акции што се одвиваат четири пати во годината во секоја општина. 
Во рамките на овие акции, граѓаните коишто сакаат да се ослободат од стариот мебел и непотребните електрични и електронски апарати имаат можност овој тип на отпад да го одложат пред своите домови во периодот од 07 до 09.30 часот, по што специјалните комунални возила ќе поминат и ќе го подигнат, според однапред изготвениот распоред по месни заедници.

Следната акција за собирање кабаст отпад ќе се одвива на 14 и на 15 јули 2017г., во општината Центар.

Покрај акциите што се организираат во скопските општини, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје на граѓаните им нуди можност во текот на целата година кабастиот отпад со сопствен превоз бесплатно да го одложат во Центарот за селекција на отпадот во Карпош. Доколку имаат потреба транспортот да се изврши со специјалните возила на Претпријатието, оваа услуга може да ја побараат на бесплатната телефонска линија - 080022233, а истата се наплатува согласно Ценовникот на дополнителни активности и услуги на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, усвоен од Советот на Градот Скопје на 27.10.2015г. и изнесува 850 денари (без пресметан ддв).

Според Законот за јавна чистота на РМ, не е дозволено ниту градежниот шут што настанува при градење или реновирање на домовите, граѓаните да го исфрлат во садовите за отпад. ЈП „Комунална хигиена“-Скопје на граѓаните им ја нуди и услугата за  преземање и транспорт на овој тип отпад, со специјалните возила на Претпријатието. Граѓаните може да ја побараат оваа услуга на бесплатната телефонска линија - 080022233, а истата изнесува 950 денари (без пресметан ддв).

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати