19.11.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
AKЦИЈА ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА ЈАВНАТА ЧИСТОТА ДО И ЗА ВРЕМЕ НА ОДРЖУВАЊЕТО НА СУПЕР КУПОТ НА УЕФА ВО СКОПЈЕ

14.07.2017  09:57

14.03.2017г.

Започнувајќи од 11 јули 2017г., па сѐ до завршувањето на Супер купот на УЕФА што до осми август 2017г. ќе се одвива во Скопје, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Градот Скопје, спроведува посебна акција за одржување на јавната чистота во централното градско подрачје и во околината на Градскиот стадион.
Во акцијата секојдневно учествуваат приближно 20 работници коишто се ангажирани при следниве активности:
-расчистување на отпадот, чистење и метење на скалите што ја поврзуваат ул. Лазар Личеноски со кејот на реката Вардар и рачно и машинско метење на скалите;
-рачно и машинско метење околу Градскиот стадион;
- расчистување на отпадот под мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, мостот „Мајка Тереза“, мостот „Око“ и мостот „Слобода“;
-рачно и машинско миење на сите улици и патеки околу Градскиот стадион.

Покрај стандардната механизација, во рамките на посебните активности поврзани со одвивањето на Супер купот на УЕФА, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје употребува и едно специјално комунално возило – пијаџо и три автоцистерни.

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати