16.08.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
Демант

20.07.2017  14:21

ДЕМАНТ 

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во целост ги демантира наводите објавени на социјалните мрежи од страна на поединци и невладини организации, во коишто се тврди дека во пресрет на почетокот на Супер купот на УЕФА, ќе се спроведе масовно убивање на бездомните кучиња во центарот на градот.
Би сакале да ве информираме дека Градот Скопје од 2007-та година го спроведува Проектот за третман на бездомните кучиња според принципите за хуман третман на животните, имплементирајќи ја програмата наречена „Залови, стерилизирај, врати“ („Catch, neuter, release“), осмислена од Светската асоцијација за заштита на животни (WSPA) и Кралското здружение за заштита на животните на Велика Британија (RSPCA). Програмата е поддржана од Светската здравствена организација (WHO) и одобрена од Советот на Градот Скопје, а се имплементира во стационарот за бездомни животни „Вардариште“.
 Во согласност со оваа Програма, бездомните кучиња се заловуваат од страна на специјализирана, обучена и опремена Служба за хуман третман и контрола, по што се транспортираат во стационарот „Вардариште“. 
Би сакале да го потенцираме фактот дека секое заловено куче го прегледува екипа од ветеринарни доктори коишто проценуваат дали животните се здрави и дали со своето однесување претставуваат опасност за безбедноста на граѓаните. 
Само заболените, премногу старите, како и прекумерно агресивните кучиња се подложуваат на еутаназија, додека здравите животни се стерилизираат, прочистуваат од внатрешни и надворешни паразити и се вакцинираат против беснило. Доколку не бидат вдомени за време на престојот во Стационарот, тие се одбележуваат со ушна маркичка и се враќаат на локацијата од којашто биле заловени. 
Во однос на спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните и потребните хигиенско-технички стандарди, Стационарот е под инспекциски надзор на Агенцијата за храна и ветерина на РМ.
Со почит, 
ЈП „Комунална хигиена“-Скопје
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати