19.11.2017 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
ЗАПОЧНАА ЕДУКАТИВНИТЕ ЕКО-ПРЕДАВАЊА ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА И ГРАДИНКИТЕ

31.10.2017  14:16

Со почетокот на новата учебна година и едукаторите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје започнаа со еко-предавањата и еколошките работилници во основните училишта  и градинките. 
Едукацијата започна на територијата на општината Карпош, на тема: ,,Правилното постапување со отпадот и грижата за хигиената во градот“. Еко-предавањата се реализираат со цел -  подигнување на свеста кај  младата популација за зачувување на животната средина, здравјето на луѓето и придобивките од селекцијата и рециклирањето на отпадот. 
Предавањата се одржуваат на ученици од одделенска настава од четврто и петто одделение, на македонски и на албански наставен јазик, додека во градинките, преку еко-работилници, се едуцираат дечињата од големата предучилишна група. 
Во општината Карпош, со  еко-предавањата се опфатени следните основни  училишта:

· ООУ ,,Владо Тасевски’’
· ООУ ,,Јан Амос Коменски’’
· ООУ,, Лазо Трповски’’
· ООУ ,,Братство’’
· ООУ ,,Петар Поп Арсов’’
· ООУ ,,Вера Циривири Трена’’
· ООУ,, Христијан Тодоровски Карпош’’
· ООУ ,,Дими Хаџи Димов’’
· ООУ ,,Војдан Чернодрински’’

Во рамките на предавањата се употребуваат видео-материјали за рециклирање на отпадот, како и нагледни средства - гранулат, претформи на пластични шишиња, синтетичко влакно и др. На крајот од секое предавање, на учениците им се доделуваат едукативни сликовници со наслов „Забавно рециклирање“, коишто ЈП „Комунална хигиена“- Скопје ги изработи специјално за оваа намена.
Во општината Карпош, со еколошките работилници се опфатени три градинки со нивните објекти, и тоа:

· ,,Мајски цвет“ -  со четири објекти
· ,,Орце Николов“ - со три објекти
· ,,Пролет“ - со три објекти

Предавањата во градинките се прилагодени на возраста на децата, при што преовладува интерактивниот метод на работа организиран како еколошки работилници.
Еко-предавањата и еколошките работилници се составен дел од Годишната програма на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје за подигање на јавната свест, а ги реализира Службата за развој. По завршувањето на активностите во општината Карпош, еко-предавања и еколошки работилници ќе се организираат и во останатите скопски општини.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати