23.01.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-20ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

Зимска програма / 2012

Инвестициона програма / 2014

3та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - управување со отпад и климатски промени
Актуелности
ИЗВРШЕНО КОМПЛЕТНО СЕРВИСИРАЊЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО OПШТИНИТЕ ЦЕНТАР И ЧАИР

25.12.2017  13:53

25.12.2017г.
Во текот на изминатите пет дена, во периодот 21-25 декември 2017, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведоа акција за комплетно сервисирање на подземните контејнери поставени во рамките на првата фаза од Проектот за инсталирање систем за подземни контејнери во градот Скопје.
Во рамките на акцијата се сменети сите тркалца, црева, спојки и вентили на вкупно 55 подземни садови за собирање на отпадот во општините Центар и Чаир.
Во 2017 година, ЈП „Комунална хигиена“ -  Скопје ја заокружи третата фаза од Проектот за инсталирање систем за подземни контејнери во градот Скопје, во чиишто рамки досега се поставени вкупно 118 садови на 40 локации. Подземните контејнери имаат зафатнина од три кубни метри, во нив отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. На тој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата и зачувувањето на здравјето на граѓаните и животната средина. 

 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
Акции
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.
АНКЕТА
Дали сметате дека постојните метални контејнери од 1,1 м3 треба да бидат заменети со пластични контејнери од ист волумен за селектирање на комуналниот отпад?
Да
Не

резултати