26.04.2018 mkd shq eng почетна мапа на сајтот контакт
ЗА НАС УСЛУГИ ЦЕНОВНИК ЛИНКОВИ МЕСЕЧЕН ИНФО КОНТАКТ
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН (08-15ч): 321 66 44
 почетна / Актуелности / Актуелности
КХС во медиуми
Прописи
Извештаи
Историјат
Проекти
Еко патрола
ДЕЖУРЕН ТЕЛЕФОН
Фото галерија
 

Сертификат на систем за менаџмент со квалитет ISO 9001:2008

10та МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА - Води и отпад - реалност и предизвици
Актуелности
ДИРЕКТОРОТ ШАБАНИ ОДРЖА РАБОТНА СРЕДБА СО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА ОПШТИНАТА АЕРОДРОМ

11.04.2018  08:15

10.04.2018г.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, одржа работна средба со градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин, во чиишто рамки се дискутираше за воспоставување соработка меѓу Претпријатието и општината, со цел -поефикасно справување со проблемот на бездомните кучиња на територијата на оваа скопска општина.
Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, беше информиран дека  голем број граѓански активисти и претставници на невладини здруженија се заинтересирани на волонтерска основа да се вклучат во спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните „Залови, стерилизирај, врати“,  што ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ја имплементира од 2007 година, во рамките на стационарот за бездомни животни „Вардариште“. 
Во оваа прилика, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, ја изрази подготвеноста на Претпријатието за конструктивна соработка со  претставниците на невладините здруженија за заштита на животните и изрази надеж дека на овој начин ќе се придонесе за што поефикасно справување со овој особено актуелен проблем што е присутен на целокупната територија на градот Скопје. 
Шабани ја нагласи законската обврска на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за имплементација на Програмата „Залови, стерилизирај, врати“, којашто е осмислена од Светската асоцијација за заштита на животните, а одобрена од Советот на Град Скопје,  што Претпријатието ја извршува под континуиран инспекциски надзор. Тој, притоа, ја истакна и потребата од правна рамка преку којашто ќе се прецизираат одговорностите и обврските на сите страни што ќе учествуваат во процесот за хуман третман на бездомните животни на територијата на оваа скопска општина.
 
 
 
 назад
ПРЕБАРУВАЊЕ:
 
 
 
БЕСПЛАТЕН ТЕЛЕФОНСКИ БРОЈ ЗА СОБИРАЊЕ КАБАСТ И ГРАДЕЖЕН ОТПАД 0800 222 33
ЈАВНИ НАБАВКИ
Слободен пристап до информации од јавен карактер
Службата за хуман третман на бездомните животни
КУЧИЊА ЗА ВДОМУВАЊЕ
Едукација
 
ЕКО РЕЧНИК ЕДУКАЦИЈА
Аеросоли се цврсти честички или мали течни капки од чад, прашина, пепел и кондензирани гасовити супстанци кои можат да се најдат во воздухот. Некои од овие честички се доволно големи и темни да можат да се забележат со голо око во вид на чад. Настануваат во индустриски процеси, на депонии, преку согорување на горива, од прашина по патиштата, при градежни работи и зафати, вулкански ерупции, шумски пожари и слично. Некои честички се емитираат директно од своите извори, додека други настануваат кога гасови како сулфур оксид, азотови оксиди или неметански органски гасови и пареа стапуваат во реакција со други соединенија во воздухот и формираат супстанци со понизок степен на испарување, а потоа и најдобри микродисперзирани честички со кои гасовите можат повторно да стапат во реакција. Аеросолите се многу штетни по човечкото здравје.