02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Акција за генерално чистење на општината Гази Баба

Акција за генерално чистење на општината Гази Баба

Во рамките на масовната акција за чистење на главниот град, во организација на Градот Скопје, на 28 и на 29 ноември 2017-та година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе генерално чистење на општината Гази Баба.

За време на акцијата се изврши метење на сите главни и на општинските улици, а беа расчистени и вкупно 734 кубни метри диви депонии, составени главно од градежен шут и кабаст отпад.

Во спроведувањето на акцијата  дневно беа ангажирани приближно 100 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата се употребија: шест специјални комунални возила – метлачки, четири специјални комунални возила – патарки и два втоварувача.

Акциите за генерално чистење на скопските општини ќе продолжат во општината Аеродром.

01.12.2017, 12:02 | 137 прегледи