02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Историјат     Здружувањето во „Комуналец“ без очекуваните резултати

Здружувањето во „Комуналец“ без очекуваните резултати

Забележано е дека во 1958 година Одделението за комунална хигиена поминува во установа со самостојано финансирање и со него управува управен одбор.

Забележано е дека во 1958 година Одделението за комунална хигиена поминува во установа со самостојано финансирање и со него управува управен одбор. Во 1968 година е покрената иницијатива за интегрирање, здружување на постојните комунални претпријатија за водовод и канализација, за одржување на улици и патишта, за градско зеленило и чистота во една окрупнета организација. Со овој чекор, преку здружување на механизацијата и вработените во едно претпријатие, „Комуналец“, се планирало надминување на дотогашните проблеми и пропусти како собирањето на средства за извршените услуги. За жал ни од далеку не биле постигнати очекуваните резултати.  Напротив, се отворале нови проблеми и се забавувал развојот на комуналната дејност. Така, веќе во 1992 година е реализирана иницијативата за повторно раздружување на претпријатијата од комуналната дејност.

Од оваа година за „Комунална хигиена“ настапува нов период на развој. Бројот на вработени се зголемува, бројот на возила за собирање и изнесување на ѓубрето исто така. Се бележи пораст на сите нивоа и се организираат бројни активности и акции за подигнување на нивото на хигиената.

14.07.2010, 15:25 | 367 прегледи