02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Акција за чистење на општината Карпош

Акција за чистење на општината Карпош

На шести и на седми декември 2017-та година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираше акција за генерално чистење на општината Карпош, како дел од акцијата за масовно чистење на главниот град, во организација на Градот Скопје.

Во рамките на акцијата се изврши метење на сите главни и на споредните улици во општината, а беа расчистени и приближно 190 кубни метри диви депонии, сочинети главно од градежен шут и кабаст отпад.

Во спроведувањето на акцијата дневно беа ангажирани 50 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата се употребија: четири специјални комунални возила – метлачки, четири специјални комунални возила – патарки и два втоварувача.

Акцијата за генерално чистење на скопските општини ќе продолжи   во општината Ѓорче Петров.

11.12.2017, 10:03 | 126 прегледи