02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИИ ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНИТЕ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И САРАЈ

АКЦИИ ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА ОПШТИНИТЕ ЃОРЧЕ ПЕТРОВ И САРАЈ

Во рамките на масовната акција за генерално чистење на главниот град, организирани од Градот Скопје, од десетти до тринаесетти декември 2017-та година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе генерално чистење на општините Ѓорче Петров и Сарај.

За време на акциите се изврши метење на сите главни и на општинските улици, а беа расчистени и вкупно 160 кубни метри диви депонии, составени од градежен шут и кабаст отпад.

Во спроведувањето на акцијата дневно беа ангажирани по 60 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата се употребија: четири специјални комунални возила – метлачки, четири специјални комунални возила – патарки и два втоварувача.

Во рамките на активностите на екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, беше реализирано и расчистување на кејот на реката Вардар во овој реон, при што се користеа три специјални комунални возила – патарки и една автоцистерна.

14.12.2017, 10:06 | 360 прегледи