02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Акции за генерално чистење на општините Аеродром и Кисела Вода

Акции за генерално чистење на општините Аеродром и Кисела Вода

Во рамките на масовната акција за генерално чистење на главниот град, организирани од Градот Скопје, на први и на четврти декември 2017-та година, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје спроведе генерално чистење на општините Аеродром и Кисела Вода.

За време на акциите се изврши метење на сите главни и на општинските улици, а беа расчистени и вкупно 250 кубни метри диви депонии во општината Аеродром, како и 250 кубни метри во општината Кисела Вода. Расчистените диви депонии беа составени главно од градежен шут и кабаст отпад.

Во спроведувањето на акцијата дневно беа ангажирани по 100 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата се употребија: шест специјални комунални возила – метлачки, четири специјални комунални возила – патарки и два втоварувача.

Акциите за генерално чистење на скопските општини ќе продолжат во општината Центар.

05.12.2017, 23:03 | 108 прегледи