02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар

Акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар

Акцијата ќе се одвива на двете страни на реката, почнувајќи од Ново Лисиче па се до мостот „Обединети нации“, а во текот на денешниот ден се расчистува делот од мостот „Гоце Делчев“ кон Градскиот парк и Калето.

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, во координација со Градот Скопје, денеска започна акција за генерално чистење на кејот на реката Вардар. Акцијата ќе се одвива на двете страни на реката, почнувајќи од Ново Лисиче па се до мостот „Обединети нации“, а во текот на  денешниот ден се расчистува делот од мостот „Гоце Делчев“ кон Градскиот парк и Калето.
 
Во акцијата се ангажирани 35 работници, додека од  механизацијата се употребуваат едно специјално комунално возило – кипер, еден мотокултиватор и две автоцистерни.
 
Акцијата за чистење на кејот на реката Вардар ќе продолжи во текот на претстојните неколку седмици, с? додека во целост не се израмни и не се расчисти наталожениот песок, калта и расфрланите отпадоци, со цел да се овозможи непречено движење на граѓаните што овој простор секојдневно го користат за спорт и рекреација.

26.04.2018, 16:51 | 271 прегледи