02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Пуштен во употреба новиот филтер на инсенераторот за медицински отпад во скопската депонија Дрисла

Пуштен во употреба новиот филтер на инсенераторот за медицински отпад во скопската депонија Дрисла

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, заедно со градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, денеска присуствуваше на пуштање во употреба и новиот филтер на печката за согорување медицински отпад (инсенератор)

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, заедно со градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, денеска присуствуваше на Отворениот ден за новинарите и за активистите од еколошките граѓански организации во скопската депонија Дрисла, во чиишто рамки беше пуштен во употреба и новиот филтер на печката за согорување медицински  отпад (инсенератор).
 
Станува збор за филтер што ги апсорбира ПМ10 честичките, јаглерод моноксидот, азотните оксиди, сулфурните оксиди и другите честички што се ослободуваат при согорувањето на медицинскиот отпад. Поставувањето на овој филтер е во согласност со препораките  на Државниот инспекторат за животна средина, а пред пуштањето во употреба беа извршени тестирања на работата на филтерот, што покажаа одлични резултати. Со тестирањето беше утврдено дека просечното количество на издувните гасови и ПМ10 честичките не ги надминуваат граничните вредности согласно Правилникот за гранични вредности на емисии при горење и согорување на отпад и условите и начинот на работа на инсталациите за горење и согорување.
 
И ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, заедно со Градот Скопје и останатите градски претпријатија, перманентно придонесува за изнаоѓање  долгорочни решенија за решавање на проблемот со енормното загадување на воздухот. Во таа насока, во зимскиот период беа реализирани низа вонредни акции за генерално чистење на скопските општини, со цел - подигнување на нивото на хигиената и чистотата, во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град.

25.04.2018, 17:01 | 244 прегледи