MKALEN
Почетна     Вести     Учениците од ОУ „Круме Кепески“ и дечињата од градинката „Детска радост“ го посетија центарот за селекција на отпадот

Учениците од ОУ „Круме Кепески“ и дечињата од градинката „Детска радост“ го посетија центарот за селекција на отпадот

Во рамките на посетата на Центарот за селекција на отпадот, младите посетители имаа можност да се запознаат со процесот на селекција на отпадот и неговото балирање со помош на машини, изгледот на балите од пластика, селекцијата на пластиката по боја и тип, селекцијата на стаклото, кабастиот и електронскиот отпад, како и начинот на функционирање на прес-контејнерите.

Седумдесет ученици од четвртите одделенија при ОУ „Круме Кепески“, од скопската општина Кисела Вода и педесет дечиња од градинката „Детска радост“ од општината Гази Баба, на 24 и на 25 април го посетија Центарот за селекција на отпадот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје. 
 
Во рамките на посетата на Центарот за селекција на отпадот, младите посетители имаа можност да се запознаат со процесот на селекција на отпадот и неговото балирање со помош на машини, изгледот на балите од пластика, селекцијата на пластиката по боја и тип, селекцијата на стаклото, кабастиот и електронскиот отпад, како и начинот на функционирање на прес-контејнерите.
 
За нив беа организирани натпреварувачки игри со стара пластика и хартија, во коишто беа користени садовите за селекција на отпадот, а сите посетители на подарок добија балони, капчиња и примерок од сликовницата ,,Забавно рециклирање“, во издание на ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје.

24.04.2018, 17:04 | 87 прегледи