MKALEN
Почетна     Вести     Усвоена одлуката за новата вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје

Усвоена одлуката за новата вредност на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје

На вчерашната седница на Советот на Градот Скопје беше усвоена Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за новата вредност на бодот за пресметување на личните доходи на вработените во Претпријатието.

На вчерашната седница на Советот на Градот Скопје беше усвоена Одлуката на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за новата вредност на бодот за пресметување на личните доходи на вработените во Претпријатието.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, го изрази своето огромно задоволство од донесената одлука и нејзините предвидени ефекти.

„Особено значаен е фактот дека по речиси десет години стагнирање во висината на личните доходи, со оваа одлука ќе се обезбедат повисоки примања пред с? кај вработените во секторот Комунална хигиена, односно кај давателите на јавни услуги, коишто го носат и главниот терет во извршувањето на активностите на Претпријатието на улиците на нашиот главен град. Ми претставува особена чест што оваа одлука ја донесовме и ќе ја спроведеме во рамките на мојот мандат на раководење со ЈП „Комунална хигиена“-Скопје и очекувам дека во годините што претстојат ќе бележиме позитивни резултати во работењето, но и поголемо задоволство кај вработените во Претпријатието.“ – истакна директорот Абдусамед Шабани.

12.04.2018, 17:12 | 109 прегледи