MKALEN
Почетна     Вести     Директорот Шабани одржа работна средба со градоначалникот на Општина Аеродром

Директорот Шабани одржа работна средба со градоначалникот на Општина Аеродром

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, одржа работна средба со градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин, во чиишто рамки се дискутираше за воспоставување соработка меѓу Претпријатието и општината, со цел -поефикасно справување со проблемот на бездомните кучиња на територијата на оваа скопска општина.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, одржа работна средба со градоначалникот на општината Аеродром, Златко Марин, во чиишто рамки се дискутираше за воспоставување соработка меѓу Претпријатието и општината, со цел -поефикасно справување со проблемот на бездомните кучиња на територијата на оваа скопска општина.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, беше информиран дека  голем број граѓански активисти и претставници на невладини здруженија се заинтересирани на волонтерска основа да се вклучат во спроведувањето на Програмата за хуман третман на животните „Залови, стерилизирај, врати“,  што ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ја имплементира од 2007 година, во рамките на стационарот за бездомни животни „Вардариште“. 

Во оваа прилика, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, ја изрази подготвеноста на Претпријатието за конструктивна соработка со  претставниците на невладините здруженија за заштита на животните и изрази надеж дека на овој начин ќе се придонесе за што поефикасно справување со овој особено актуелен проблем што е присутен на целокупната територија на градот Скопје. 

Шабани ја нагласи законската обврска на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за имплементација на Програмата „Залови, стерилизирај, врати“, којашто е осмислена од Светската асоцијација за заштита на животните, а одобрена од Советот на Град Скопје,  што Претпријатието ја извршува под континуиран инспекциски надзор. Тој, притоа, ја истакна и потребата од правна рамка преку којашто ќе се прецизираат одговорностите и обврските на сите страни што ќе учествуваат во процесот за хуман третман на бездомните животни на територијата на оваа скопска општина.

10.04.2018, 17:14 | 88 прегледи