02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги реализираше едукативните предавања и еколошките работилници во општината Карпош

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги реализираше едукативните предавања и еколошките работилници во општината Карпош

Едукаторите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје завршија со еко-предавањата во основните училишта и градинките на територијата на општината Карпош.

Едукаторите на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје завршија со еко-предавањата во основните училишта и градинките на територијата на општината Карпош. Со едукацијата на тема „Правилното постапување со отпадот и грижата за хигиената во градот“, тие ја постигнаа целта за подигнување на свеста кај младата популација за зачувување на животната средина, здравјето на луѓето и придобивките од селекцијата и рециклирањето на отпадот. Предавањата се одржаа на ученици од  одделенската настава од четврто и петто одделение, на македонски  и на албански наставен јазик. Во градинките беа опфатени децата од големата предучилишна група.

Со  еко- предавањата на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје беа опфатени следните основни  училишта:

· ООУ ,,Братство’’
· ООУ ,,Вера Циривири Трена’’
· ООУ,, Владо Тасевски’’
· ООУ ,,Војдан Чернодрински’’
· ООУ ,,Димо Хаџи Димов’’
· ООУ ,,Јан Амос Коменски’’
· ООУ,, Лазо Трповски’’
· ООУ,, Петар Поп Арсов’’
· ООУ,, Христијан Тодоровски Карпош’’

Во рамките на предавањата беа едуцирани вкупно 449 ученици, при што во таа насока се употребуваа видео-материјали за рециклирање на отпадот и нагледни средства - гранулатот, претформи на пластични шишиња, синтетичко влакно и сл. На крајот од секое предавање, на учениците им беше  поделена новата едукативна сликовницаЗабавно рециклирање“, што ЈП „Комунална хигиена“- Скопје посебно ја изработи за оваа намена.

Со еколошките работилници  беа опфатени следните четири градинки со нивните објекти: ,,Распеана младост“, ,,Пролет“ (со три објекти), „Орце Николов“ (со три објекти) и ,,Мајски цвет“ (со четири објекти). За време на еколошките работилници беа едуцирани  вкупно 415 дечиња. Предавањата во градинките беа прилагодени на возраста на децата, при што преовладуваше интерактивниот метод на работа организиран во вид на еколошки работилници.

Оваа активност е составен дел од Годишната програма на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје, за подигање на јавната свест, а ја реализира Службата за развој. Активностите беа реализирани во текот на месеците октомври, ноември и декември 2017 година.

Едукативните предавања и еколошките работилници на ЈП „Комунална хигиена“- Скопје продолжуваат во општините Ѓорче Петров и Центар.

27.12.2017, 08:59 | 105 прегледи