02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Конституирани надзорниот и управниот одбор на ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје

Конституирани надзорниот и управниот одбор на ЈП „Комунална Хигиена“ - Скопје

Во текот на денешниот ден се одржаа конститутивните седници на Надзорниот одбор и на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, именувани од Советот на Градот Скопје.

Во текот на денешниот ден се одржаа конститутивните седници на Надзорниот одбор и на Управниот одбор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, именувани од Советот на Градот Скопје. 

За претседател на новиот Надзорен одбор на Претпријатието е избран Игор Трајковски, а во одборот ќе членуваат и: Славица Крстевска и Влатко Јакимовски.

На чело на новиот Управен одбор на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ќе биде Маја Андова, а останати членови на одборот се: Мирза Драгуловчанин, Љупчо Јаневски, Благој Зашов, Виолета Трпчевска, Нико Николовски и Жаклина Стаменковска.

По завршувањето на конститутивните седници беа одржани и првите работни заседавања на Надзорниот одбор и на Управниот одбор, во чиишто рамки беа разгледани и усвоени Извештајот за остварени финансиски резултати од работењето на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје за периодот I-IX-2017 година, како и Предлог-програмата за инвестиции во 2018 година.

26.01.2018, 09:03 | 119 прегледи