Согласно известувањето од Министерството за животна средина и просторно планирање за присуството на зголемени концентрации на честичките ПМ10 над прагот на алармирање во амбиенталниот воздух во нашиот главен град, а во рамките на интервентните мерки преземени од страна на Градот Скопје, со цел – намалување на нивото на загаденост на воздухот, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на изминатава седмица засади неколку десетици нови садници во дворот на новата управна зграда на Претпријатието.
Во текот на изминатиот месец, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје зеде активно учество и во акциите за масовно чистење на скопските општини во коишто беше забележано најголемо загадување на воздухот – Чаир, Шуто Оризари, Аеродром, Центар итн., со коишто започна спроведувањето на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град што ги презеде Градот Скопје.
01.02.2018, 09:10 | 671 прегледи