02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Започнува акцијата за генерално чистење на општина Сарај

Започнува акцијата за генерално чистење на општина Сарај

Во текот на денешниот ден започна акцијата за генерално чистење на општината Сарај, во којашто ќе земат учество ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.

Во текот на денешниот ден започна акцијата за генерално чистење на општината Сарај, во којашто ќе земат учество ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје.

Акцијата ќе трае во текот на претстојните неколку дена и ќе ја опфати целокупната територија на општината Сарај, а во нејзиното спроведување дневно ќе бидат ангажирани вкупно 70 работници, додека од механизацијата ќе се употребуваат: три специјални комунални возила – метлачки, три специјални комунални возила – патарки, две цистерни, еден втоварувач, еден кипер со носивост до 10 тони и два кипера со носивост до 20 тони.

Акцијата ја најавија градоначалникот на општината Сарај, Блерим Беџети, директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани и директорот на ЈП „Паркови и зеленило“-Скопје, Ардијан Муча, нагласувајќи дека ова е само една во низата претстојни акции за генерално чистење коишто ќе се реализираат во скопските општини со цел - подигнување на нивото на хигиената и чистотата,  во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град.

08.02.2018, 09:45 | 153 прегледи