02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Активности на штабот за заштита и спасување на Град Скопје

Активности на штабот за заштита и спасување на Град Скопје

На ден 09.02.2018 година, беше одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, на којшто беа изгласани мерки за превенција од можното излевање на речните води од нивното корито.

На ден 09.02.2018 година, беше одржан состанок на Штабот за заштита и спасување на Град Скопје, на којшто беа изгласани мерки за превенција од можното излевање на речните води од нивното корито.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје веднаш пристапија кон реализација на донесените мерки и во таа насока во текот на викендот 10-11 февруари 2018 година, беше поставен заштитен насип од вреќи со песок на локација во близина на ПИОМ, којашто е оценета за високоризична со можност за излевање на водите од реката Вардар.

Во рамките на превентивните мерки, Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изврши увид на состојбата на клучката кај хотелот Континентал, подвозниците на булеварот Србија, булеварот Војводина и улицата Бихаќка, како и  подвозникот кај Стоковната куќа „Мост“, утврдувајќи ги можните ризици за запушување на шахтите.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје исто така формираше и дежурен тим од десет работници, коишто со две товарни возила ќе извршат првични интервенции при евентуални излевања на водите од реката Вардар.

12.02.2018, 09:57 | 298 прегледи