02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Децата и КХС во светот на екологијата

Децата и КХС во светот на екологијата

По повод „Денот на пролетта-21 март“, а воедно и деновите на екологијата, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви Проект на тема „Децата и КХС во светот на екологијата“, поддржан од Секторот за животна средина при Градот Скопје.

По повод „Денот на пролетта-21 март“, а воедно и деновите на екологијата, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје изготви Проект на тема „Децата и КХС во светот на екологијата“, поддржан од Секторот за животна средина при Градот Скопје.

Во проектот се вклучени училишта и градинки од сите скопски општини, така што секоја општина ќе биде опфатена со по две училишта и една градинка. 

Проектот ќе се одвива во две етапи. Првата етапа е одржување еко-предавања во основните училишта и еко-работилници во градинките опфатени со проектот.

Проектот ќе има натпреварувачки карактер, така што секое училиште ќе има за задача да направи изработка од отпаден материјал и со неа да се натпреварува со другите училишта.  

 Втората етапа ќе биде организација на еко-манифестација што ќе се одржи на 21 Март - денот на екологијата, на Школката во Градскиот парк, каде што ќе учествуваат децата од училиштата и градинките инволвирани во проектот. 

Претходно формираната комисија ќе ги одбере најдобрите три изработки од училиштата, коишто на денот на манифестацијата ќе бидат соодветно наградени со освојување прво, второ или трето место. Во рамките на манифестацијата, дечињата од градинките ќе ја збогатат програмата така што ќе се претстават со свои еколошки точки, додека секое училиште ќе има свои учесници и во спортските игри што ќе се одвиваат со нашите едукатори.

На манифестацијата ќе присуствуваат  претставници  од Градот Скопје, Министерството за животна средина и градоначалниците на скопските општини.

14.02.2018, 10:07 | 246 прегледи