02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Екипите на ЈП „Комунална хигиена“го расчистуваaт нападнатиот снег и мразот на скопските улици

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“го расчистуваaт нападнатиот снег и мразот на скопските улици

Согласно Програмата за работа на Зимската служба, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целата мината ноќ и утринава работат на расчистување на нападнатиот снег и мразот во сите скопски општини.

Согласно Програмата за работа на Зимската служба, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на целата мината ноќ и утринава работат на расчистување на нападнатиот снег и мразот во сите скопски општини.

Во централното градско подрачје, расчистувањето се врши на плоштадот „Македонија“, во Старата Чаршија, како и на пешачките патеки и тротоарите на мостот „Гоце Делчев“, Камениот мост, Мостот на револуцијата, Мостот „Бит Пазар“ и мостот „Слобода“. 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во моментов работат на  расчистување на снегот на следните улици и булевари: 

Партизанска,  Илинденска,  ВМРО, 11-ти Октомври (потегот од Рампа до Собранието на РМ), Крсте Мисирков, Цветан Димов, Х.Т.Карпош, Димитрија Чуповски, Филип Втори, Мајка Тереза и Александар Македонски.

Во расчистувањето на нападнатиот снег се ангажирани  125 работници, додека од механизацијата се користат: четири трактора со специјални четки за снег, еден трактор со специјални ножеви за снег, два мотокултиватора, како и две патарки за расфрлање на сол. 

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат со своите активности во три смени, во текот на целиот ден и претстојната ноќ.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје апелира до граѓаните секој проблем поврзан со акивностите и ингеренциите на Претпријатието да го пријават на дежурниот телефон: 3 216 644.

26.02.2018, 10:12 | 186 прегледи