02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“ продолжува со расчистување на снегот и мразот

ЈП „Комунална хигиена“ продолжува со расчистување на снегот и мразот

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и во текот на минатата ноќ и денешниот ден продолжува да ја спроведува Програмата за работа на Зимската служба, со расчистување на нападнатиот снег и мразот од улиците на градот Скопје.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје и во текот на минатата ноќ и денешниот ден продолжува да ја спроведува Програмата за работа на Зимската служба, со расчистување на нападнатиот снег и мразот од улиците на градот Скопје.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје во текот на денешниот ден ќе работат на расчистување на снегот и мразот на следните улици и булевари: 

Партизанска,  Илинденска,  Св. Климент Охридски, 11-ти Октомври (потегот од Тутунски комбинат до Градска болница), Крсте Мисирков, Цветан Димов, Х.Т.Карпош, Бутелска, Втора македонска бригада, Гоце Делчев (потегот од МТВ до Мавровка), Кузман Јосифовски-Питу, Јане Сандански, Филип Втори, Мајка Тереза и Александар Македонски.

Во текот на денешниот ден, нападнатиот снег и мраз ќе биде расчистен и во внатрешниот простор на Клиничкиот центар, како и на плоштадот „Македонија“, улицата Македонија, во Старата Чаршија и на пешачките патеки и тротоарите на Камениот мост, мостот „Бит Пазар“ и мостот „Мајка Тереза“. 

Во денешните активности на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје се ангажирани  144 работници, додека од механизацијата се користат: три трактори со специјални четки за снег, еден трактор со специјални ножеви за снег, два мотокултиватора, две специјални комунални возила „Викторија“, едно електрично комунално возило „Пијаџо“,  како и две патарки за расфрлање на сол.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжат со своите активности во текот на целиот ден и претстојната ноќ, во согласност со временските услови и потребите на терен.

27.02.2018, 10:17 | 122 прегледи