02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СИТЕ СКОПСКИ БУЛЕВАРИ И ПОГОЛЕМИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СИТЕ СКОПСКИ БУЛЕВАРИ И ПОГОЛЕМИТЕ СООБРАЌАЈНИЦИ

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа масовна акција за генерално чистење на сите скопски булевари и поголемите сообраќајници, во координација со Градот Скопје.

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа масовна акција за генерално чистење на сите скопски булевари и поголемите сообраќајници, во координација со Градот Скопје. Акцијата започна на булеварот Словенечка, а се одвиваше и на Јадранската магистрала и улиците  Момин поток и Октомвриска револуција.

Во акцијата учествуваат 25 работници, додека од механизацијата се употребуваат три автоцистерни, четири метлачки, еден трактор, една патарка и едно специјално комунално возило „пјаџо“.

Акцијата за генерално чистење ќе продолжи и во текот на наредните неколку дена, а ќе ги опфати сите булевари и поголеми сообраќајници во главниот град.

 

05.05.2018, 16:42 | 432 прегледи