02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДИРЕКТОРOT АБДУСАМЕД ШАБАНИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПЕРАТИВАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

ДИРЕКТОРOT АБДУСАМЕД ШАБАНИ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА ОПЕРАТИВАТА НА ПРЕТПРИЈАТИЕТО

Во текот на денешниот ден, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, реализираше работна посета на сите служби во секторот за Оперативно-технички работи, коишто се лоцирани во авто-базата на Претпријатието.

На директорот Шабани, во оваа прилика му беа презентирани досегашните искуства во активностите на оперативата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, како и идеите за понатамошно подобрување на квалитетот и ефикасноста на работењето, со цел - поголемо задоволство на жителите на главниот град, коишто се главните корисници на услугите на Претпријатието.

29.12.2017, 14:54 | 82 прегледи