02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје учествуваше на Скопскиот цветен фестивал

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје учествуваше на Скопскиот цветен фестивал

На 12 и на 13 мај 2018 година, во Градскиот парк во Скопје се одржа петтиот Скопски цветен фестивал, под мотото „Во боите на виножитото”.

На 12 и на 13 мај 2018 година, во Градскиот парк во Скопје се одржа петтиот Скопски цветен фестивал, под мотото Во боите на виножитото”.

На манифестацијата се претставија четириесетина изложувачи- цвеќари и фирми за хортикултурно и пејзажно уредување, како и институции и невладини oрганизации од областа на екологијата. Целта на фестивалот беше да се подигне јавната свест за заштитата на животната средина и да се промовира одгледувањето цвеќе, како и да им се овозможи на најмладите да се вклучат во работилници во коишто ќе ја изразат својата креативност и ќе научат нешто повеќе за цвеќето и за природата.

Со свои активности, во програмата на фестивалот се вклучи и ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, преку организирање еко-работилници и забавни игри за најмладите посетители, на коишто им беа поделени и едукативните сликовници ,,Забавно рециклирање.

14.05.2018, 11:32 | 148 прегледи