MKALEN
Почетна     Вести     ПРОДОЛЖУВА МАСОВНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И СООБРАЌАЈНИЦИ

ПРОДОЛЖУВА МАСОВНАТА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА СКОПСКИТЕ БУЛЕВАРИ И СООБРАЌАЈНИЦИ

Во текот на изминатите десетина дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје спроведуваат масовна акција за генерално чистење на сите скопски булевари и поголемите сообраќајници што се наоѓаат во надлежност на Градот Скопје.

Акцијата започна на 5 мај 2018 година на булеварот Словенечка, а се одвиваше на Јадранската магистрала, Момин поток и Октомвриска револуција, додека во текот на неделава активностите продолжија на Пластичарската улица, Беласица - клучката кај Континентал, Перо Наков, булеварот Александар Македонски и булеварот Војводина.

Во акцијата дневно се ангажирани по 25 работници, додека од механизацијата се употребуваат една метлачка, една автоцистерна, една патарка и еден трактор.

Акцијата за генерално чистење ќе продолжи и во текот на претстојниот период, а во план е да ги опфати сите булевари и поголеми сообраќајници.

16.05.2018, 14:47 | 36 прегледи