02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЗАПОЧНУВААТ ИНТЕРВЕНТНИТЕ АКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ СО ЦЕЛ - ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

ЗАПОЧНУВААТ ИНТЕРВЕНТНИТЕ АКЦИИ ЗА ЧИСТЕЊЕ СО ЦЕЛ - ПОДОБРУВАЊЕ НА КВАЛИТЕТОТ НА ВОЗДУХОТ ВО СКОПСКИТЕ ОПШТИНИ

Во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град, градоначалникот на Скопје

Во рамките на интервентните мерки за подобрување на квалитетот на амбиенталниот воздух во главниот град, градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, и директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, денеска го најавија започнувањето на акцијата за масовно чистење на скопските општини во коишто е присутно најголемо загадување на воздухот. 

Акцијата е во организација на Градот Скопје и во неа ќе учествуваат јавните претпријатија „Комунална хигиена“ – Скопје и „Паркови и зеленило“. Акцијата ќе започне во општините Чаир и Шуто Оризари, а ќе продолжи во општината Аеродром, како и сите останати скопски општини каде што ќе биде забележано енормно загадување на амбиенталниот воздух.

Во спроведувањето на акцијата дневно ќе бидат ангажирани вкупно 50 работници од ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, додека од механизацијата ќе се употребуваат: три специјални комунални возила – метлачки, три специјални комунални возила – патарки и еден втоварувач „Аванти“.

10.01.2018, 09:16 | 140 прегледи