02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО ПОСЕТА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ – СКОПЈЕ

ДЕЛЕГАЦИЈА ОД РЕПУБЛИКА КОСОВО ВО ПОСЕТА НА ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ – СКОПЈЕ

Дваесетчлена делегација составена од претставници на повеќе комунални претпријатија и градските управи на Приштина, Ѓаковица, Митровица, Вуштрија, Фуш Косова и Призрен од Р. Косово

Дваесетчлена делегација составена од претставници на повеќе комунални претпријатија и градските управи на Приштина, Ѓаковица, Митровица, Вуштрија, Фуш Косова и Призрен од Р. Косово, како претставници од УСАИД и германската фондација за меѓународна соработка – ГИЗ, во текот на денешниот ден реализираше работна посета на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје.

Делегацијата најпрво одржа работна средба со раководниот тим на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, на којашто беа разменети искуства и се разгледаа можностите за заедничка соработка, по што гостите од Р. Косово имаа можност да ги посетат службите во секторот за Оперативно-технички работи лоцирани во авто-базата на Претпријатието, како и центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, каде што одблиску се запознаа со работните процеси во сегментот на собирањето и транспортот на комуналниот отпад, како и неговата секундарна селекција.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, го изрази своето големо задоволство од можноста за реализација на понатамошна конструктивна соработка на Претпријатието, Градот Скопје и Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ со јавните претпријатија и општините од Р. Косово, како и УСАИД и ГИЗ.

 Во оваа прилика, Шабани ја нагласи својата лична заложба за заеднички проекти и учество во аплицирањето кон европските и светските фондови, како и што почеста размена на искуства, во насока на подобрување на квалитетот на работата и функционирањето на Претпријатието.

09.03.2018, 09:45 | 416 прегледи