02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА КАПАЦИТЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНИТЕ ЦЕНТАР И ЧАИР

АКЦИЈА ЗА ПРОМЕНА НА КАПАЦИТЕ НА ПОДЗЕМНИТЕ КОНТЕЈНЕРИ ВО ОПШТИНИТЕ ЦЕНТАР И ЧАИР

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за промена на капаците на сите подземни садови за исфрлање на отпадот коишто беа поставени во рамките на првата фаза на Проектот за инсталирање систем за подземни контејнери во градот Скопје, во 2013-та година.

Станува збор за 55 подземни садови, поставени на 20 локации во општината Центар и 2 локации во општината Чаир, чиишто стари и дотраени капаци ќе бидат заменети со нови иноксни елементи. Акцијата ќе се одвива етапно и во текот на претстојните десетина дена се планира да бидат сменети сите капаци на подземните контејнери во овие општини. 

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира граѓаните да ги почитуваат наведените термини за исфрлање на отпадот и воедно својот комунален отпад секогаш да го одложуваат во внатрешноста на садовите, односно да не го оставаат на  платформите.

Преку употребата на подземните садови, отпадот се складира на пониска температура, притоа не зафаќајќи слободна површина над земјата. На тој начин се намалува и непријатната миризба што се шири од отпадот, како и можноста за негово разнесување во околината. Системот за собирање на комуналниот отпад во подземни контејнери е исклучително софистициран и успешен и веќе подолг период се применува во светски рамки, со одлични ефекти во заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина. 

02.04.2018, 10:03 | 158 прегледи