02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     Потпишан Меморандум за меѓусебна соработка за интегрирање на неформалните собирачи во организираниот систем за управување со отпадот и унапредување на управувањето со отпадот на ниво на Градот Скопје

Потпишан Меморандум за меѓусебна соработка за интегрирање на неформалните собирачи во организираниот систем за управување со отпадот и унапредување на управувањето со отпадот на ниво на Градот Скопје

Денеска, во просториите на Градот Скопје, беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка меѓу директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, директорот на Здружението „Ромски бизнис-информативен центар во Македонија“, Зоран Димов и претставничката на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Go Green“, Благица Сековска.

Денеска, во просториите на Градот Скопје, беше потпишан Меморандум за меѓусебна соработка меѓу директорот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, Абдусамед Шабани, градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, директорот на Здружението „Ромски бизнис-информативен центар во Македонија“, Зоран Димов и претставничката на Здружението за одржлив развој и заштита на животната средина „Go Green“, Благица Сековска.

Потписниците на Меморандумот се обврзаа дека во рамките на својата примарна дејност, знаење и капацитети заеднички ќе дејствуваат и меѓусебно ќе соработуваат во интерес на подобрено управување со отпадот, унапредување на центрите за собирање, селектирање и складирање на отпадот на ниво на Градот Скопје, како и формализирање на неформалните собирачи на отпадот и нивно вработување во организираниот систем за управување со отпад. 

За остварување на овие цели ќе се формира работна група што ќе работи на подетална квантитативна и квалитативна анализа на количеството отпад што се генерира од неформалните собирачи на отпад, потребната инвестиција во инфраструктурна опрема за унапредување на центрите за собирање, селектирање и складирање на отпадот, како и обука и едукација на неформалните собирачи на отпад.

На настанот беше посочено дека во формалниот систем, преку ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, до крајот на годинава се очекува да бидат интегрирани 1400 неформални собирачи на отпадот на територијата на Градот Скопје, претежно од ромска националност.

За таа цел, од страна на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, овие лица ќе бидат обучени, едуцирани и опремени за отпадот да го собираат директно од домовите на граѓаните и потоа истиот да го селектираат во рамките на Центарот за селекција на отпадот, што наскоро ќе започне да функционира во скопската населба Шуто Оризари.

Селектираниот отпад овие лица ќе можат да го пласираат кај постоечките компании што работат со откуп и рециклирање на различни типови отпад и на тој начин да ги обезбедат своите приходи. Покрај социјалните придобивки, се очекува интегрирањето на неформалните собирачи на отпадот во организираниот систем за управување со отпад да има позитивни ефекти врз заштитата на животната средина и да го намали загадувањето на територијата на Градот Скопје.

 

04.04.2018, 10:09 | 132 прегледи