MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ –СКОПЈЕ СО ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“ –СКОПЈЕ СО ЗАСИЛЕНИ АКТИВНОСТИ ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа активности за генерално чистење на кејот на реката Вардар.

 

26.05.2018г.

 

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа активности за генерално чистење на кејот на реката Вардар.

За време на викендот 26-27 мај 2018 година, акцијата ќе се одвива на потегот мост „Гоце Делчев“ – Градска плажа, додека во текот на претстојните неколку седмици ќе продолжат засилени активности на двете страни од кејот, почнувајќи од Ново Лисичедо мостот „Обединети нации“.

 

Во моментов, во акцијата се ангажирани 15 работници, додека од  механизацијата се употребуваат две специјални комунални возиламетлачки.

 

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје апелира до граѓаните коишто го посетуваат кејот на реката Вардар, своите отпадоци да ги одложуваат во поставените корпи и на тој начин да придонесат за одржување на хигиената на овој простор, со цел истиот да може безбедно и соодветно да се користи за забава, спорт и рекреација.

26.05.2018, 11:25 | 56 прегледи