02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ СО ЗГОЛЕМЕНА ДИНАМИКА ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ СО ЗГОЛЕМЕНА ДИНАМИКА ВО СИТЕ СКОПСКИ ОПШТИНИ

Во текот на изминатите неколку дена, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги засили своите активности во сите девет скопски општини.

30.05.2018г.

 

Во текот на изминатите неколку дена, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги засили своите активности во сите девет скопски општини.

 

На терен секојдневно, во три смени, се активни приближно 300 работници - вработени во Претпријатието, како и сезонски ангажирани работници преку Градот Скопје, коишто спроведуваат акција за генерално чистење на главните улици и булеварите што се наоѓаат во надлежност на Претпријатието.

Во рамките на наведените активности, од механизацијата се употребуваат: шест специјални комунални возила – метлачки, четири специјални комунални возила – патарки и четири специјални комунални возила „Викторија“.

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје секојдневно, во првата и во третата смена, врши и машинско миење на главните сообраќајници и булеварите, со осум автоцистерни.

 

ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе продолжи да ја спроведува акцијата за генерално чистење на скопските општини и во текот на претстојните неколку седмици, со цел – заштита на урбаната животна средина и подигнување на нивото на хигиената и чистотата во главниот град.

 

Во таа насока, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје сака да ги информира граѓаните дека секое одлагање на отпадот надвор од поставените садови претставува директно кршење на Законот за јавна чистота и воедно да апелира граѓаните и правните субјекти својот отпад да го одлагаат единствено во контејнерите, пластичните канти наменети за индивидуалните домаќинства и корпите поставени на јавни површини, како и да ги почитуваат наведените термини за одлагање на отпадот. На тој начин ќе придонесат за почиста и поздрава животна околина, а резултатите од активностите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ќе бидат подолготрајни и поефективни.

Само преку заеднички и координирани активности со општините, односно инспекциските служби, како и преку соработка со граѓаните, ќе се постигне саканата цел – почист, поздрав и поубав град Скопје!

30.05.2018, 07:50 | 290 прегледи