02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

ПРОДОЛЖУВА АКЦИЈАТА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КЕЈОТ НА РЕКАТА ВАРДАР

Во текот на изминатите неколку дена, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје ги продолжија започнатите активности за генерално чистење на кејот на реката Вардар. Активностите се реализираат од двете страни од кејот, почнувајќи од мостот Гоце Делчев, до пешачкиот мост зад Владата на РМ.

 Во акцијата се ангажирани  40 работници, додека од  механизацијата се употребуваат една автоцистерна, една патарка и две специјални комунални возила – метлачки.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во моментот работат на отстранување на наталожените песок, кал и трева, по неодамнешното излевање на Вардар од речното корито.  И во претстојниот период ќе продолжат да се спроведуваат засилени активности за одржување на хигиената на кејот на реката Вардар, додека теренот не се израмни во целост, за да се овозможи непречено движење на граѓаните на овој простор.

06.06.2018, 14:09 | 79 прегледи