02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА НОВО ВОЗИЛО ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ОД УЛИЦИТЕ

ПУШТЕНО ВО УПОТРЕБА НОВО ВОЗИЛО ЗА ЗАЛОВУВАЊЕ И ТРАНСПОРТ НА БЕЗДОМНИТЕ КУЧИЊА ОД УЛИЦИТЕ

Во текот на денешниот ден, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје го пушти во употреба новонабавеното возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици.

Во текот на денешниот ден, ЈП Комунална хигиена“ – Скопје го пушти во употреба новонабавеното возило наменето за заловување и транспорт на бездомните кучиња од скопските улици.  Ова е второ возило што ЈП Комунална хигиена“ – Скопје го поседува за оваа намена. Возилото е од марката FIAT DUCATO, со работна зафатнина на моторот од 2250 см3 и максимална силина од 100 KW и со носивост на товарен простор од 1500 кг., а ќе се употребува од страна на специјализирана Служба за хуман третман и контрола, при секојдневните акции за заловување на бездомните кучиња коишто ќе се транспортираат во стационарот „Вардариште“.

ЈП Комунална хигиена“- Скопје од 2007 година го спроведува Проектот за хуман третман на бездомните кучиња - Програма наречена „Залови, стерилизирај, врати“. Оваа Програма е осмислена од Светската асоцијација за заштита на животните (WSPA), поддржана од Светската здравствена организација (WHO), а одобрена од Советот на Градот Скопје. Според Програмата, кучињата се заловуваат од страна на Службата за хуман третман и контрола, по што се транспортираат во стационарот „Вардариште“, којшто има капацитет за третман и сместување на околу сто животни во боксови изградени по европски стандарди. Во стационарот „Вардариште“ е ангажирана ветеринарна служба што ја проценува здравствената состојба на бездомните кучиња, како и нивната евентуална агресивност, при што здравите единки се подложуваат на третман на стерилизација, се прочистуваат од внатрешни и надворешни паразити, се вакцинираат од беснило и се задржуваат околу десетина дена, а доколку за тоа време не бидат вдомени, овие животни се враќаат на изворната локација.

Само во текот на 2017 година, Службата за хуман третман и контрола заловила 1444 кучиња, од коишто 1055 биле медицински третирани, а 159 од овие животни биле вдомени во стационарот „Вардариште“.

Новото возило за заловување и транспорт на бездомните кучиња е набавено по пат на јавна набавка, а истото ќе се употребува и за подигнување на мршите од скопските улици.

 

07.06.2018, 13:26 | 104 прегледи