02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР „МАЈКА ТЕРЕЗА“

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за генерално чистење на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа акција за генерално чистење на просторот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во рамките на акцијата ќе биде oтстранет целокупниот смет што е расфрлан на јавните површини меѓу објектите, ќе се изврши метење и комплетно миење на улиците во внатрешноста на комплексот клиники, како и дополнително празнење на поставените садови за отпад.

 ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во акцијата учествува со 30 работници, додека од механизацијата се употребуваат две автоцистерни и едно специјално комунално возило - патарка.

 

 „Иако одржувањето на Клиничкиот центар не спаѓа во наша надлежност, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје учествува во оваа акција со цел да се излезе во пресрет на барањата на граѓаните за подигнување на нивото на хигиената и чистотата и да им се овозможи безбедно и достоинствено да го користат овој особено фреквентен простор во нашиот град.“-изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

 Акцијата за генерално чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе продолжи во текот на целиот викенд, а во неа учествуваат и останатите јавни претпријатија на Градот Скопје.

09.06.2018, 11:06 | 131 прегледи