02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ИНТЕРВЕНИРАШЕ ВО РАСЧИСТУВАЊЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ

ЈП „КОМУНАЛНА ХИГИЕНА“-СКОПЈЕ ИНТЕРВЕНИРАШЕ ВО РАСЧИСТУВАЊЕ НА СКОПСКИТЕ УЛИЦИ ПО ОБИЛНИТЕ ДОЖДОВИ

По обилните дождови и невремето што попладнево го зафати главниот град, екипите на ЈП „Комунална хигиена“ –Скопје со вонредни активности интервенираа во расчистување и санирање на предизвиканите штети на улиците во речиси сите скопски општини.

Најмногу активности беа реализирани на булеварите Илинденска и Партизански одреди, како и на улиците Цветан Димов, Димитрије Чуповски, кружниот тек кај Континентал, Дебар маало, реонот околу градскиот парк итн.

Вкупно 40 вработени во ЈП „Комунална хигиена“-Скопје во текот на целото попладне ги собираа нападнатите лисја и гранки, ги метеа и чистеа улиците од наталожената кал и вршеа рачно миење со две автоцистерни. При вонредните активности за расчистување на штетите од денешното невреме, се употребуваа и две специјални комунални возила – патарки и две специјални комунални возила –метлачки. Посочените локации и улици во моментов се комплетно расчистени и проодни за движење на возила и пешаци.

09.06.2018, 19:45 | 1092 прегледи