02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР „МАТКА“

АКЦИЈА ЗА ГЕНЕРАЛНО ЧИСТЕЊЕ НА СПОРТСКО-РЕКРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР „МАТКА“

Во координација со општината Сарај, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска спроведоа акција за генерално чистење на спортско-рекреативниот центар „Матка“.

Во координација со општината Сарај, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје денеска спроведоа акција за генерално чистење на спортско-рекреативниот центар „Матка“.

Во рамките на акцијата беше извршено метење на целокупниот простор во центарот, како и отстранување на сите отпадоци коишто беа расфрлани на тревните површини, надвор од садовите наменети за собирање на отпадот.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, исто така извршија и миење на улиците со помош на две автоцистерни.

Во акцијата учествуваа  вкупно 40 работници, додека од механизацијата беа употребени и три специјални комунални возила – метлачки и две специјални комунални возила – патарки.

„Во соработка со градоначалникот на општината Сарај, Блерим Беџети, преку денешната акција се обидовме да му го вратиме стариот сјај на центарот „Матка“ и дополнително да придонесеме за  атрактивноста на овој спортско-рекреативен простор, којшто претставува една од најомилените локации за посета како на туристите, така и на жителите на нашиот град.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

12.06.2018, 14:49 | 130 прегледи