02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЗАПОЧНУВА ДА ФУНКЦИОНИРА ЦЕНТАРОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ ВО ОПШТИНАТА КАРПОШ

ЗАПОЧНУВА ДА ФУНКЦИОНИРА ЦЕНТАРОТ ЗА СЕЛЕКЦИЈА НА ОТПАДОТ ВО ОПШТИНАТА КАРПОШ

Во текот на денешниот ден, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, одржаа прес-конференција во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, во чиишто рамки ја информираа јавноста за големата акција за расчистување на насобраниот кабаст отпад од овој простор, што се одвиваше во текот на изминатата недела.

Во текот на денешниот ден, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани и градоначалникот на Градот Скопје, Петре Шилегов, одржаа прес-конференција во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, во чиишто рамки ја информираа јавноста за големата акција за расчистување на насобраниот кабаст отпад од овој простор, што се одвиваше во текот на изминатата недела.

Екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, со помош на три специјални комунални возила – кипери и две специјални комунални возила-компактори, во текот на изминатите седум дена пренесоа 1200 кубни метри, односно 300 тони кабаст отпад насобран во рамките на акциите што се одвиваа во скопските општини во текот на изминатите три години.

Ова енормно количество отпад што неколку години беше една од причините за загадувањето на воздухот во овој дел од градот сега е  пренесено во депонијата Дрисла, со што се создадени услови за Центарот за селекција на отпадот во Карпош од денеска да започне нормално да функционира по европски стандарди.

Овој Центар е наменет за секундарна селекција на отпадот што секојдневно се собира во садовите за комунален отпад и негово балирање со помош на машини и прес-контејнери. Отпадот се дели на неколку фракции: ПЕТ-амбалажа, хартија, лименки и стакло, по што истиот е предвиден за понатамошна преработка и рециклирање.

„Во Центар за селекција при ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје се одвива еден исклучително значаен сегмент на работата на Претпријатието – неговата секундарна селекција. На овој начин се двои оној дел од отпадот што понатаму може да биде рециклиран, а на депонија завршуваат значително помали количества отпад, со што директно се влијае врз зачувувањето на животната средина и нивото на загадување на воздухот во нашиот град. Ги поттикнуваме граѓаните што помасовно да ја применуваат примарната селекција во садовите наменети за ПЕТ-амбалажа што ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје ги поставува на јавните површини и на тој начин самите да придонесат за поголема ефикасност во нашето работење.“- изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

 

Во рамките Центарот за селекција, ЈП Комунална хигиена“-Скопје на граѓаните им нуди можност бесплатно да го одложат својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад). Доколку имаат потреба тоа да се изврши со специјалните возила на Претпријатието, услугата може да ја побараат на бесплатната телефонска линија 080022233.

 

25.06.2018, 14:07 | 239 прегледи