02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се стекна со Сертификат MKC EN ISO 9001:2015

ЈП „Комунална хигиена“-Скопје се стекна со Сертификат MKC EN ISO 9001:2015

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, со задоволство ја информира јавноста дека на 19.06. 2018 година, Претпријатието се стекна со меѓународен Сертификат на системот за менаџмент со квалитет, согласно со барањата на стандардот MKC EN ISO 9001:2015.

По успешно извршениот аудит, сертификационото тело АМ ЦЕРТ на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје му го додели Сертификатот MKC EN ISO 9001:2015 за имплементиран систем за менаџмент со квалитет, со следниот опсег: Селектирање, собирање, транспортирање и обработка на комунален отпад од физички и правни лица, одржување на јавната чистота во градски и други населени места, чистење (метење и миење) на јавни сообраќајни површини, заловување и третман на животни скитници и подигање на мрши од јавни сообраќајни површини.

„Овој престижен меѓународен сертификат на системот за менаџмент со квалитет, согласно стандардот MKC EN ISO 9001:2015, има важност до 2021 година. На корисниците на услугите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје можеме да им ветиме дека во претстојниот период ќе ги имплементираме сите зацртани стандарди и ќе настојуваме да го задржиме и надминеме квалитетот на нашите услуги и активности.“ – изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед  Шабани.

05.07.2018, 13:16 | 72 прегледи