02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     СТРАТЕГИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО НЕПРАВИЛНОТО ОДЛОЖУВАЊЕ НА КАБАСТИОТ ОТПАД ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

СТРАТЕГИЈА ЗА СПРАВУВАЊЕ СО НЕПРАВИЛНОТО ОДЛОЖУВАЊЕ НА КАБАСТИОТ ОТПАД ВО ГРАДОТ СКОПЈЕ

Во текот на денешниот ден, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, одржа прес-конференција во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, во чиишто рамки ја презентираше Стратегијата за решавање на проблемот со неправилното одложување на кабастиот отпад во градот Скопје.

Во текот на денешниот ден, директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани, одржа прес-конференција во Центарот за селекција на отпадот во Карпош, во чиишто рамки ја презентираше Стратегијата за решавање на проблемот со неправилното одложување на кабастиот отпад во градот Скопје.

 

Директорот Шабани во оваа прилика нагласи дека со капацитетите и ресурсите со коишто располага, ЈП Комунална хигиена“-Скопје врши празнење на садовите за отпад еднаш во текот на денот, седум пати во неделата.

„Каква ќе биде сликата околу садовите за отпад, на платформите на подземните контејнери и на јавните површини по завршувањето на нашите активности, зависи исклучиво од граѓаните на градот Скопје, нивниот однос и нивните навики“- нагласи Шабани, којшто исто така ги информираше граѓаните дека Законот за јавна чистота на РМ забранува кабастиот отпад да се одлага во садовите за отпад или на јавните површини, а за секое прекршување на овој Закон се предвидени санкции што ги спроведуваат Инспекциските служби при Градот Скопје и општините.

 

„Апелираме до граѓаните својот кабаст отпад (застарен мебел, електронски и електричен отпад) да го одлагаат во Центрите за селекција на отпадот во Карпош и во Вардариште, како и во претоварната станица во Шуто Оризари, што Претпријатието им го нуди без плаќање на паричен надомест.“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани. 

 

На прес-конференцијата учествуваше и новиот раководител на градскиот Инспекторат, Мирослав Богдановски, којшто ги презентираше претстојните активности што ќе се одвиваат во координација со Еко-патролата на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје .

12.07.2018, 12:33 | 258 прегледи