02 321 66 44    08-20MKALEN
Почетна     Вести     УШТЕ ЕДНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

УШТЕ ЕДНА АКЦИЈА ЗА ЧИСТЕЊЕ НА КЛИНИЧКИОТ ЦЕНТАР ВО СКОПЈЕ

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа уште една акција за чистење на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во текот на денешниот ден, екипите на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започнаа уште една акција за чистење на просторот во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Во акцијата учествуваат 40 работници на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, додека од механизацијата се употребуваат една автоцистерна, едно специјално комунално возило – метлачка, едно специјално комунално возило – ветеранка и едно специјално комунално возило - кипер.

  „ЈП „Комунална хигиена“-Скопје нема обврска да го одржува Клиничкиот центар, но поради нашата совест и грижа за граѓаните што секојдневно и во голем број го користат овој простор, ние планираме и понатаму да излегуваме во пресрет на нивните потреби и да помогнеме да се зголеми нивото на хигиената во Центарот, во координација со Градот Скопје и останатите јавни претпријатија - „Паркови и зеленило“, „Градски паркинг“ и „Улици и патишта“ - изјави директорот на ЈП „Комунална хигиена“-Скопје, Абдусамед Шабани.

 Акцијата за генерално чистење на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ ќе продолжи и во текот на утрешниот ден.

13.07.2018, 11:23 | 210 прегледи